Спортскиот центар Борис Трајковски ќе добие затворена тениска арена, гимнастичка сала и сала за боречки вештини
Новата сала ќе биде лоцирана во склоп на спортскиот центар Борис Трајковски и е прва сала од овој тип кој ги опслужува овие категории на спортови во Македонија и регионот. Салата ќе се простира на површина од 10,000 m² со капацитет од 1,500 седишта. Салата е на две нивоа, во кои ќе се наоѓаат тениска арена, реквизитите и борилиштата за карате,бокс и кик-бокс,помошни простории,гардероби,тоалети кои ќе ги опслужуваат потребите на корисниците на салата. Носител на задачата е компанијата КМГ ЕОЛ Квазар од Скопје
Проектанти:
д-р Александар Радевски диа
д-р Горан Мицковски диа
Викторија Ставриќ Радевски диа
|

|

|

|

|

|

|

|