ЗОШТО ЛЕД
Постојаното вложување во истражувањето и развојот во делот на ЛЕД осветлувањето како иновативно енергетски-ефикасно решение обезбедува разновидност и квалитет на ЛЕД осветлувањето. Сега ЛЕД осветлувањето може да замени било какво осветлување за било каква намена.
Предности на ЛЕД светилките:
- Ниска потрошувачка на енергија
- Долг век на траење без трошоци за одржување - LED светилките имаат работен век од 50.000 – 100.000 работни часа, што е 5-10 години.
- Трајност - LED светилките се отпорни на топлотни влијанија и потреси при промена на температура од -40C° веднаш на/до 185C °, што ги прави идеални за поставување онаму каде често се палат и гаснат светилките.
- Нема инфрацрвено или ултравиолетово зрачење.
- Безбедни и еколошки - LED диодите не содржат жива и не испуштаат CO2
- Еднаквост на тонот на бојата при димирање - LED диодите не ја менуваат нијансата на бојата, за разлика од вообичаените светилки кои ја менуваат кон жолта
- Спектар на бои - LED диоди можат да бидат произведени во сите бои од спектарот, а можат да бидат и во повеќе нијанси на бела боја (пр. топло бела, ладно бела, природно бела...)
- Насочена светлина, поради што ЛЕД светилките имаат предност пред живините и флуоресцентните што помага во намалување на загубите на енергија како резултат на непотребната дисперзијата на светлината.
- Не блештат, не трепкаат и не создаваат бучава, со што се обезбедува подобра работна средина.
- Достапни се и во водоотпорни варијанта, како и согласно потребниот степен на заштита, пр. IP 65, IP 67…, како и на било каква основа: Е27, GU10, E14…
- Не се загреваат: ЛЕД светилките создаваат многу помалку топлина и тоа има значително влијание врз трошоците за климатизација.
- Не привлекуваат инсекти.
- Не се потребни пригушници, стартери и други елементи.
Споредба на ЛЕД со светилките со жарно влакно и флуоресцентните светилки
Енергетска ефикасност и трошоци за енергија
|
ЛЕД светилка
|

жарно влакно
|

флуоресцентна
|
Работен век (просечно)
|
50000 часа
|
1200 часа
|
8000 часа
|
Струја која се користи во W ЛЕД светилките користат помалку енергија (W) по единица произведена светлина (лумени).
|
8 W
|
60 W
|
15 W
|
KW струја која се користи годишно по светилка
(5 часа/ден)
|
14, 6 KWh/год.
|
109, 5 KWh/год.
|
27, 4 KWh/год.
|
Влијание врз животната средина
|
ЛЕД светилка
|
жарно влакно
|

флуоресцентна
|
Содржи токсична жива
|
Не
|
Не
|
Да
|
Го задоволува RoHS стандардот
|
Да
|
Не
|
Не – содржи 1mg-5mgжива
|
Емисија на јаглерод диоксид годишно по светилка (5 часа/ден)
|
6, 8kg/год.
|
68kg/год.
|
15, 8kg/год.
|
Произведена светлина
|
ЛЕД светилка
|

жарно влакно
|

флуоресцентна
|
Лумени
|
W
|
W
|
W
|
450
|
4-5
|
40
|
9-13
|
800
|
6-8
|
60
|
13-15
|
1 100
|
9-13
|
75
|
18-25
|
1 600
|
16-20
|
100
|
23-30
|
2 600
|
25-28
|
150
|
30-55
|