Зошто ветерна енергија?
Енергијата на ветерот (или еолската енергија) е една од првите форми на енергија која ја користел човекот. Првата ветерна турбина која е користена за производство на електрична енергија била направена во 1891 год. од Данецот Пул ла Ур. Интересно е да се забележи дека добиената електрична енергија ја користел за електролиза на водата, а на тој начин добиениот водород понатаму се користел за осветлување во локално училиште.
Денес таа е најбрзорастечкиот сегмент во индустријата на обновливи извори на електрична енергија. Најдобар пример за тоа е 2007 год. кога во светот се инсталирани нови ветерни централи со моќност од околу 20000 MW, што е зголемување за 31% во однос на претходната година. Според некои предвидувања, ваквиот тренд ќе продолжи и понатаму.
Предности на производство на електрична енергија од ветерната енергија:
- Таа е широко распространета и достапна во изобилство-дури десет пати поголема од тековно потребните количества за човештвото
- бесплатна
- заштита на животната средина-обновлив и еколошки чист извор на енергија