СОЛАРНИ СИСТЕМИ (ФОТОВОЛТАИЧНИ СИСТЕМИ)
 
 
 

Фотоволтаичниот систем (ФВ систем) се состои од повеќе поврзани компоненти чија намена може да биде најразлична, пр. предавање на произведената електична енергија на главната дистрибутивна мрежа, напојување кое ќе го покрива осветлувањето, одредени потрошувачи, испумпување вода од бунар итн. како дел од бројните можности за примена на енергијата добиена од сонцето.

Како ќе биде дизајниран системот зависи од неговата последователна намена, локацијата и другите услови на местото на поставување кои се потребни за негово функционирање.

Постојат две основни конфигурации на системи – независни (автономни) и поврзани на мрежа.

Автономните ФВ системи работат независно од други извори на енергија и вообичаено се применуваат за обезбедување со електрична енергија на местата каде не е достапна јавната електроенергетска мрежа (ЕВН).

ФВ системите поврзани на мрежа работат паралелно со дистрибутивната мрежа, односно може да се користат за предавање на електричната енергија на дистрибутивниот систем или за напојување на потрошувачи.

ФВ системите можат да бидат надополнети со повеќе алтернативни извори на енергија (пр. дизел генератори, ветерни генератори и сл.). Овие системи се познати како хибридни системи.