PV + ветерна
 
 
 

Ваквиот систем овозможува функционалност во текот на целата година со тоа што во текот на зимата ќе создаде повеќе излез од турбините на ветер, а во текот на летото соларните фотоволтаици го достигнуваат свотој врв. Хибридните енергетски системи најчесто даваат поголем економски и еколошки повраток отколку самостојните системи. Проценката за големината на ваков хибриден систем е со помош на математички модели за фотоволтаични ќелии, турбини на ветер и батерија. Ова симулира различни видови на хибридни енергетски системи кои ги исполнуваат техничките ограничувања со најниски трошоци за енергија.