ЗОШТО ЛЕД
 
 

Постојаното вложување во истражувањето и развојот во делот на ЛЕД осветлувањето како иновативно енергетски-ефикасно решение обезбедува разновидност и квалитет на ЛЕД осветлувањето. Сега ЛЕД осветлувањето може да замени било какво осветлување за било каква намена.

Предности на ЛЕД светилките:

  • Ниска потрошувачка на енергија
  • Долг век на траење без трошоци за одржување - LED светилките имаат работен век од 50.000 – 100.000 работни часа, што е 5-10 години.
  • Трајност - LED светилките се отпорни на топлотни влијанија и потреси при промена на температура од -40C° веднаш на/до 185C °, што ги прави идеални за поставување онаму каде често се палат и гаснат светилките.
  • Нема инфрацрвено или ултравиолетово зрачење.
  • Безбедни и еколошки - LED диодите не содржат жива и не испуштаат CO2
  • Еднаквост на тонот на бојата при димирање - LED диодите не ја менуваат нијансата на бојата, за разлика од вообичаените светилки кои ја менуваат кон жолта
  • Спектар на бои - LED диоди можат да бидат произведени во сите бои од спектарот, а можат да бидат и во повеќе нијанси на бела боја (пр. топло бела, ладно бела, природно бела...)
  • Насочена светлина, поради што ЛЕД светилките имаат предност пред живините и флуоресцентните што помага во намалување на загубите на енергија како резултат на непотребната дисперзијата на светлината.
  • Не блештат, не трепкаат и не создаваат бучава, со што се обезбедува подобра работна средина.
  • Достапни се и во водоотпорни варијанта, како и согласно потребниот степен на заштита, пр. IP 65, IP 67…, како и на било каква основа: Е27, GU10, E14…
  • Не се загреваат: ЛЕД светилките создаваат многу помалку топлина и тоа има значително влијание врз трошоците за климатизација.
  • Не привлекуваат инсекти.
  • Не се потребни пригушници, стартери и други елементи.

 

Споредба на ЛЕД со светилките со жарно влакно и флуоресцентните светилки

Енергетска ефикасност и трошоци за енергија

ledLight.jpg 

ЛЕД светилка

 incandescent.jpg

жарно влакно

 fluorescent.jpg

флуоресцентна

Работен век (просечно)

50000 часа

1200 часа

8000 часа

Струја која се користи во W

ЛЕД светилките користат помалку енергија (W) по единица произведена светлина  (лумени).

8 W

60 W

15 W

KW струја која се користи годишно по светилка

 (5 часа/ден)

14, 6 KWh/год.

109, 5 KWh/год.

27, 4 KWh/год.

 

Влијание врз животната средина

ledLight.jpg 

ЛЕД светилка

incandescent.jpg 

жарно влакно

 fluorescent.jpg

флуоресцентна

Содржи токсична жива  

Не

Не

Да

Го задоволува RoHS стандардот

Да

Не

Не – содржи 1mg-5mgжива

Емисија на јаглерод диоксид годишно по светилка (5 часа/ден)

6, 8kg/год.

68kg/год.

15, 8kg/год.

 

 

 

Произведена светлина

ledLight.jpg 

ЛЕД светилка

 incandescent.jpg

жарно влакно

 fluorescent.jpg

флуоресцентна

Лумени

W

W

W

450

4-5

40

9-13

800

6-8

60

13-15

1 100

9-13

75

18-25

1 600

16-20

100

23-30

2 600

25-28

150

30-55