Промовирање на децентрализирано производство на енергија од обновливи извори на енергија
 
 
 

Фондацијата за локален развој на информатички технологии од Гевгелија и Сојузот на производители на еколошка енергија од Бугарија во рамки на ИПА проектот “ПРОМОВИРАЊЕ НА ДЕЦЕНТРАЛИЗИРАНО ПРОИЗВОДСТВО НА ЕНЕРГИЈА ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА” одржан е форум на 07 и 08 Април во Гевгелија во хотелот Божур.

energain.png

Целта на проектот е подобрување на свеста и градење на знаење за децентрализирано производство на електрична енергија од обновливи извори и воведување на иновативни решенија за енергетска ефикасност на сите нивоа. Стимулирање на локалните бизниси и придонес за оптимизирање на вкупната потрошувачка на енергијата и трошоците. Промоција на концептот, главните технологии и придобивки од децентрализираното производство на електрична енергија од обновливи извори.

На форумот презентации одржаа компании од Македонија и Бугарија кои работат во доменот на производство на електрична енергија од обновливи извори. По завршување на средбата учесниците на форумот се упатија во посета на компании од Гевгелија ,и посета на фотоволтаична централа од 2 MW(мегавати) во Валандово која е целосно проектирана и изведена од „КМГ ЕОЛ КВАЗАР“.