За нас
 
 

Нашата компанија КМГ ЕОЛ КВАЗАР ДООЕЛ СКОПЈЕ е основана во 2007 година со цел да дизајнира и понуди решенија за заштеда на електричната енергија со помош на иновативни соларни производи кои покрај заштедата на електрична енергија, помагаат и во заштитата на животната средина во борбата со климатските промени.

Веќе наредната година нашата компанија стана застапник на украинската команија ЈСЦ Квазар, со што добивме целосна стручна и техничка поддршка во проектирањето и изведбата на соларните системи. ЈСЦ Квазар е компанија со огромно искуство во дејноста уште од 1961 година, со 8.000 вработени, која се занимава со производство на фотоволтаични ќелии, соларни модули и соларни системи во Украина.

Во чекор со најновите технологии кои претставуваат иднина во областа на енергетската ефикасност и обновливите извори нудиме широка палета на соларни производи како што се: автономни соларни системи за напојување, хибридни системи за домашно напојување, соларни електрични централи, соларни системи за улично, парковско, домашно осветлување, како и широк спектар на ЛЕД светилки, кои покрај примената во дел од овие системи, можат да се употребат и за секојдневните потреби за осветлување со замена на секаков вид постоечки светлосни тела или за декоративно осветлување.

Нашата комплетна услуга се состои од: набавка на опрема за соларни системи и ЛЕД светилки, монтажа и инсталација, одржување на системите, замена на постоечко осветлување, системи „клуч на рака“ и креирање проекти согласно со индивидуалните барања на клиентите.

 

ЗАСТАПНИШТВО

Нашата компанија е отворена за соработка во делот на обновливите извори, како и пошироко.

Покрај тоа што сме застапници на производители на фотоволтаични модули, застапници сме и на производител на соларна опрема – Steca Elektronik Gmbh, сертифицирана компанија за производство на производи за соларната индустрија од Германија.  

 

МИСИЈА

Економските промени и зголемената потреба од алтернативни извори на енергија на глобално ниво ја наметнуваат потребата од енергетски ефикасни решенија.

Нашата мисија е алтернативните извори на енергија да ги направиме достапни, непосредни и доверливи за луѓето со помош на нашите комплетни решенија за домашни и комерцијални потреби со цел да се намали потрошувачката на енергија и да се намали штетното влијание врз околината со помош на „клуч на рака“ системи.

 

ВИЗИЈА

Нашата визија се фокусира на охрабрување на луѓето и влијаење врз нивниот начин на размислување и однесување при изборот на чиста и ефикасна енергија како дел од нивниот секојдневен живот, со што се придонесува во процесот на создавањето одржлив свет.

 

ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ И ЖИВОТНА СРЕДИНА

Во однос на политиките за квалитет и животна средина раководството на КМГ ЕОЛ КВАЗАР ДООЕЛ во својот делокруг на работење се определи за:

 

-Поставување, имплементирање, одржување на системот за управување со квалитет и заштита на животната средина согласно ISO 9001:2008 и ISO 14001

 

-Постојано подобрување подобрување на системот за управување со квалитет и заштита на животната средина согласно ISO 9001:2008 и ISO 14001

 

-Со мотивирани и соодветно обучени вработени да ги исполнуваме секојдневните задачи

 

-Заштита на животната средина од загадување

 

-задоволување на барањата на купувачите преку контролиран и докажан квалитет на нашите производи

 

-Градење на партнерски односи со добавувачите и останатите соработници -континуирано следење и спроведување на современите текови на спроведување на законска регулатива поврзана со животната средина

 

-креирање на цели поврзани со квалитетот и животната средина и нивно проверување

 

-пратење на нивото на знаење на вработените во областа на животната средина

 

-континуирано комуницирање со надлежните организации

 

-почитување на законските акти во државата и следење на промените во законските акти и нивно почитување

 

-спроведување на комуникација во рамките на компанијата

 

-континуиран мониторинг на факторите кој влијаат на можно загадување на животната срединa.

 

ПАРТНЕРИ И СОРАБОТНИЦИ

kvazar logo.jpg steca logo.gif feit logo.jpg ProCredit logo.jpg znshineLogo.jpg tyco logo.png monbat_ logo.jpg eti_logo.jpg schrack logo.png usaid logo.jpg